Горивата по иста цена и во наредните седум дена
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 17.08.2020 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 17.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,280 ден/кг.