Шок! Жена возела автомобил со срна во ладилникот до својата куќа / ФОТО
Шумарите и полицајците во Германија секојдневно бележат сообраќајни несреќи предизвикани од судири со диви животни. Сепак, сликата што во овој случај доаѓа од Германија не се гледа толку често …
Оваа необична сообраќајна несреќа се случила во германската сојузна покраина Саксонија-Анхалт (Sachsen-Anhalt), недалеку од градот Халберштат. 57-годишна жена возач со своето Audi А4, на патот В81, околу 6 часот наутро, удрила во срна која претрчувала преку патот. За жал, вакви несреќи често се случуваат, но овој настан е специфичен, затоа што жената продолжила да вози, без да застане!
Кога се вратила дома, жената го паркирала автомобилот и дошла до шокантно откритие. Срната со главата останала заглавен во решетката на ладилникот и веќе била мртва. Возбудената жена подоцна пред полицијата сведочела дека најверојатно доживеала шок за време на судирот, поради што само продолжила да вози.