Во Гроув стигна нова финансиска инјекција 

 

Dorilton Capital го купи познатиот Formula 1 тим Williams Racing. Dorilton Capital е познат по долгорочниот пристап кон финансиските инвестиции и неговиот клучен фокус ќе биде обновувањето на конкурентноста на тимот. Ова означува почеток на веројатно нова возбудлива ера во историјата на Williams, кој со својот нов сопственик сега е во добра позиција да ги искористи големите промени на правилата кои доаѓаат со новиот Concorde договор.

Williams со своите финансиски советници спровел сеопфатен преглед на сите возможни и достапни опции, вклучително и преговорите со голем број други потенцијални инвеститори. Овој стратешки потег сега е успешно завршен и како што велат од William, со исклучително задоволство ја објавуваат оваа вест. Поддршката била едногласна, заедно со поддршката на Сер Френк Вилијамс, кој утврдил дека ова во моментов носи најдобри резултати за акционерите и гарантира долгорочен успех на тимот на Williams во Formula 1.

Клер Вилијамс, заменик-шеф на тимот, вели:

„Презадоволни сме што Dorilton Capital е новиот сопственик на тимот. Кога го започнавме тој процес, сакавме да најдеме партнер кој ја дели истата страст и вредности, кој го препознава потенцијалот на тимот и кој може да ја зголеми неговата моќ. Знаеме дека во Dorilton Capital го најдовме токму тоа. Луѓе кои го разбираат спортот и што е потребно за да се биде успешен. Луѓе кои го почитуваат наследството на тимот и кои ќе направат се за успех во иднина“.