Лоша среќа! Имаме кандидат за возач малер на годината / ВИДЕО
Возач на скутер бил удрен од автомобил, а потоа завршил во шахта
Камерата за надзор во бразилскиот град Парагоминас забележала навистина необичен случај. На снимките е прикажана сообраќајна несреќа во која невнимателен возач на Chevrolet Prisma невнимателно свртува лево, притоа заборавајќи на предноста за премин која ја има скутерот. Момент подоцна доаѓа до контакт, а како резултат скутерот паѓа на страна, а возачот, во овој случај возачката е исфрлена од седиштето. За жал, маките за возачката не запираат тука, затоа што таа продолжила да се тркала сè до работ на патот, а таму завршува во отворена шахта.
За жал никој од сведоците не повикал полиција. Возачката, Мајара Сантос, преживеала, пред се поради носењето кацига. Сепак има повреди на рбетот и карлицата, поради што треба да биде подложена на хируршка интервенција. Бидејќи никој не повикал полиција, сè останува на вербалното ветување од возачот на возилото Chevrolet дека ќе и помогне на жртвата.