За да се направи ваков избор врз основа на перформансите на пилотите во квалификациите користена е вештачка интелигенција 

Аиртон Сена е најбрзиот возач во последните 40 години во Formula 1. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на Formula 1, по завршувањето на едногодишниот проект со лабораторијата Amazon Machine Learning Solutions. Вештачката интелигенција била искористена за да се споредат настапите на пилотите во квалификациите и за да се постигне уникатен ранкинг, кој во крајна сметка не зависи од болидот.

Проектот „Најбрз пилот“ го водел директорот на информатички системи при Formula 1, Роб Смедли, а во него учествувале и директорот на телевизија и медиуми, Дин Лок и главниот научник на лабораторијата, д-р Прија Понапали.

Пронајдени се начини за известување за проблеми со автомобили, промени во временските услови, па дури и за возраста на возачите.

“Со вештачката интелигенција, постојат многу можности да се примени технологија за да се решат сложени проблеми. Во овој случај решивме да дадеме одговор на прашањето кое со години ги окупира фановите“, вели д-р Понапали.

Според проектот, ова се најбрзите 10 во историјата:

  1. Аиртон Сена
  2. Михаел Шумахер +0.114 сек.
  3. Луис Хамилтон +0.275 сек.
  4. Макс Верстапен +0.280 сек.
  5. Фернандо Алонсо +0.309 сек.
  6. Нико Розберг +0.374 сек.
  7. Чарлс Леклерк +0.376 сек.
  8. Хеики Ковалаинен +0.378 сек.
  9. Јарно Трули + 0,409 сек.
  10. Себастијан Фетел + 0,435 сек.
  11. Рубенс Барикело + 0,445 сек.
  12. Нико Хулкенберг + 0,456 сек.
  13. Валтери Ботас + 0,457 сек.
  14. Карлос Саинз + 0,457 сек.
  15. Ландо Норис + 0,459 сек.
  16. Даниел Рикиардо + 0,461 сек.
  17. Џенсон Батон +0.462 сек.
  18. Роберт Кубица +0.463 сек.
  19. Џанкарло Физикела +0,469 сек.
  20. Ален Прост + 0,514 сек.

Секако, на листата има имања кои се сериозно изненадување. На пример, осмото место на Хеики Ковалаинен и деветтото место на Јарно Трули.