MotoGP: Хорор сцени од Австрија и победа на Довициозо / ФОТО+ВИДЕО
Возачот на Ducati, Андреа Довициозо триумфираше по трети пат во последните четири години на Австриското Гран При, четвртата трка од MotoGP шампионатот, која ја одбележа тежок инцидент во осмиот круг помеѓу Жоан Зарко и Френк Морбидели
Довициозо, кој еден ден предходно објави дека по крајот на сезоната го напушта Ducati, стигна до својата прва победа сезонава, а 15-та во кралската класа. На тој начин, тој ја продолжи доминацијата на италијанскиот тим во Спилберг уште од нејзиното враќање во MotoGP календарот (пет триумфи во последните пет изданија на австриското Гран При). Во исто време Довициозо на својот тим му ја донесе 50-та победа во кралската класа.
Џоан Мир на Suzuki го зазеде второто место на Сузуки, додека трет беше возачот на Pramac Ducati, Џек Милер.
Австриското Гран При донесе многу тркачки возбудувања, но и хорор инцидент во осмиот круг. Зарко направи комплетно неочекуван потег при голема брзина, а Морбидели во неможност да избегне од позицијата удри право во него и двајцата завршија надвор од патеката, за среќа поминаа без сериозни повреди. Нивните мотори беа катапултирани и летаа со голема брзина, па практично „за влакно“ ги избегнаа возачите на Yamaha, Валентино Роси и Маверик Вињалес.
One of the most terrifying #MotoGP crashes we've EVER seen!!! ?
Watch the Turn 3 accident from all angles! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/L2GLToviFi
— MotoGP™? (@MotoGP) August 17, 2020
До тој момент беше во водство се наоѓаше возачот на КТМ, Пол Еспаргаро, кој одлично се бореше со Милер, Довициозо и Мир. По рестартот на трката, Австралиецот беше оној кој се издвои на чело од колоната, а добро му парираа Довициозо, Мир и Алекс Ринс на второто Suzuki, додека помладиот од браќата Еспаргаро полека го загуби чекорот со водечките. Нешто подоцна неговата трка беше завршена по инцидентот со Мигел Оливеир од тимот на Teh3 KTM, а покрај патеката заврши и Алекс Ринс, кој изгуби контрола над моторот во моментот кога го презеде водството.
Следеше одлична борба, а трката беше решена пред самиот финиш. Довициозо кој беше во водство конечно успеа видно да се одвои од првиот пратител на патеката, Џек Милер. Возачот на Pramac Ducati и Џоан Мир од Suzuki не можеа да одговорат на неговиот ритам, а нивната борба беше решена на два круга пред крајот, кога Шпанецот се проби на второто место и стигна до најдобриот пласман во кариерата во кралската класа. Милер на крајот мораше да се задоволи со третото место.
Четвртото место му припадна на минатонеделниот победник Бред Биндер од KTM, пред Валентино Роси на Yamaha кој извозе одлична трка и покрај тоа што доживеа вистински шок кога за малку успеа да не биде колатерална жртва на инцидентот во осмиот круг.
РЕЗУЛТАТИ
How do you find the words to sum up such a crazy afternoon!!! ?
Tune into #AfterTheFlag for all the post-race analysis, and there's lots to discuss!!! ?#50DucatiWins | #AustrianGP ??https://t.co/deoyqHejUq pic.twitter.com/yCaP1Y6trt
— MotoGP™? (@MotoGP) August 16, 2020
HIGHLIGHTS
https://youtu.be/5H9CEOxaWNM
ИЗЈАВИЈА ПО ТРКАТА
"I thought we might be able to make it work!" – @jackmilleraus ?️
The @pramacracing rider admitted his tyre choice for the restart was a gamble! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/kxRE9Vfgg8
— MotoGP™? (@MotoGP) August 16, 2020
"If you said before the weekend I'd get a podium, I'd say that would be difficult!" – @JoanMirOfficial ?️
A first #MotoGP podium for the @suzukimotogp man! ?#AustrianGP ?? pic.twitter.com/EPSdwzwQBL
— MotoGP™? (@MotoGP) August 16, 2020
"If @Rins42 didn't crash, it would've been very difficult to beat him!" – @AndreaDovizioso ?️
The @ducaticorse rider expects stiff competition when we return next weekend! ?#50DucatiWins | #AustrianGP ?? pic.twitter.com/QxKbkVzg0K
— MotoGP™? (@MotoGP) August 16, 2020
MotoGP шампионатот продолжува веќе следниот викенд со Големата награда на Штаерска, која исто така ќе се вози на Ред Бул Ринг арената во Спилберг.