Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, за некои и најдобар, португалскиот фудбалски волшебник од Јувентус, Кристиано Роналдо, стана горд сопственик на најскапиот автомобил во светот, Bugatti La Voiture Noire
Роналдо, кој неодамна со својот клуб, ја освои шампионската титула во Италија, се почестил со овој автомобил, инаку планиран за производство во серија од само десет примероци. Цената на еден примерок од моделот Bugatti La Voiture Noire е околу 8,5 милиони евра.
Веста за новитетот во неговата гаража се појави на неговиот инастаграм профил, зачинета со неколку зборови од типот „Вие го избирате погледот“.
Новиот Bugatti La Voiture Noire развива максимални 380 km/h, а до 100 km/h забрзува за 2,4 секунди.
Да додадеме дека Bugatti La Voiture Noire е последниот додаток на флотата на Кристијано Роналдо, на која многумина со право му завидуваат. Веќе поседува модел од истата „кујна“, Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse. Покрај возилата од марката Bugatti, во гаражата на Роналдо се наоѓаат и егзотичните Ferrari 599 GTO, Lamborghini Aventador, McLaren MP4 12C… Вредноста на примероците во неговата гаража сега се проценува на околу 30 милиони евра, набавна цена.