Нова Т-Класа на Mercedes: Компактен градски ван за целото семејство, за активен одмор и работа
Mercedes-Benz Vans испорачува возила во малиот, средниот и големиот сегмент на ванови и доставни возила, исполнувајќи ги барањата на клиентите по прашање на просторноста …
„Со целосно новата Mercedes-Benz T-класа, ние сакаме да понудиме возило кое на семејствата и на љубителите на активен одмор ќе им овозможи да влезат во светот на возилата на Mercedes-Benz. Овие клиенти бараат атрактивни и практични компактни возила – и токму тоа го исполнува новата T-класа“, вели Маркус Бреичверт, шеф на Mercedes-Benz Vans.
„Со новиот изглед и дизајн на Т-класата, постигнуваме комбинација на функционалност и привлечност“, вели Горден Вагенер, шеф на дизајн на Daimler Group. “Со нашата единствена филозофија за дизајн Sensual Purity, создаваме привлечен семеен придружник. Т-класата ќе инспирира со својот дизајн, пропорциите и применетите вредности.”
Полноправен член на семејството Mercedes-Benz
Како комплетно нов проект, Т-Класа на прв поглед треба јасно да ја покаже својата припадност кон семејството Mercedes-Benz и како таква, ќе биде непогрешливо карактеризирана со типичните карактеристики на брендот. Особено во однос на дизајнот, вредноста, безбедноста и поврзаноста, велат од компанијата.
Фокусот на новоразвиената Mercedes-Benz T-класа ќе биде приватниот пазар на клиенти. Т-класата ќе ги задоволи потребите на семејствата и луѓето ориентирани кон слободно време и со привлечен сооднос цена-квалитет. Буквата Т означува ефикасни концептни простори и со тоа е совршено погодна како ознака за модел на компактен семеен ван украсен со трикраката ѕвезда
Новата Mercedes-Benz T-класа ќе понуди многу простор и ќе биде погодна за најразлични намени, вклучувајќи го и патничкиот превоз како референца во однос на споделување услуги – сето тоа без да се наруши удобноста. Широки отворени лизгачки врати, на левата и десната страна од возилото, на пример, кои ќе овозможуваат лесен и удобен пристап до внатрешноста. Покрај конвенционалните погонски системи, ќе има и целосно електрична верзија.