Изговорот на имињата на автомобилските марки на автомобили отсекогаш бил интересен

Многу луѓе се обидуваат да ги изговорат како што се изговараат оригинално на јазикот на земјата од каде доаѓаат.

Во тој обид, со текот на времето сменета е оригиналната транскрипција на локална, па изговорот изгледа како оригинал, но очигледно е дека е локализиран. Кинезите отишле најдалеку во локализацијата, па познати брендови не звучат ни приближно како што ги изговараме ние.

На пример, „Аерфа Луомиоу“ на кинески е Alfa Romeo, „Фалали“ е Ferrari, „Машалади“ е Maserati, „Ланбојини“ е Lamborghini и „МаиКаилун“ е McLaren.

Слично е и со другите брендови, така што Aston Martin се чита како „Асидун Мадинг“, Јaguar е „Јиебао“, Bentley е „Бинли“, Land Rover е Лу Ху, а Rolls-Royce се чита како „Лаоси-Лоиси“.