Сите големи автосалони на автомобили се откажани поради пандемијата, дури и оние во Америка. Еден сепак ќе се одржи

Судејќи според најновата објава, SEMA Show продолжува понатаму. Тој е најголемиот саем за тјунирање во светот со стотици илјади посетители. Се одржува во Конгресниот центар во Лас Вегас, а оваа година датумот е закажан за почетокот на ноември.

Организаторот најави 1800 излагачи и бројни атракции. Организацијата на саемот е оправдана со напорите да и се помогне на домашната автомобилска индустрија во закрепнувањето и тоа ќе го стори со „безбедно собирање и споделување идеи во развојот на стратегијата за 2021 година и пошироко“, вели Том Гатузо, потпретседател на организациониот комитет на саемот.

https://youtu.be/em7uf9ftPa0