Можеби со малку закаснување во однос на конуренцијата, BMW влегува во пазарот на електрични SUV модели

Баварците го претставија долго најавуваниот модел iX3, чии фотографии, случајно или не, веќе се појавија на Интернет и претходно оваа година.

Автомобилот е базиран на актуелниот BMW X3 и е опремен со погонска батерија со капацитет од 80 kWh. SUV моделот се напојува со електричен мотор од 285 КС и 400 Nm, а со полна батерија возилото е во состојба да покрие автономија до 460 километри според стандардот WLTP.

Моќта на електричниот мотор се пренесува само на задните тркала поради што може да се каже дека ова BMW е со „традиционален погон“.

Од 0 до 100 km/h, BMW iX3 стигнува за 6,8 секунди, a максималната брзина е ограничена на 180 km/h.

Возилото е компатибилно со брзи полначи до 150 kW и може да се наполни до 80% од капацитетот на батеријата за само 34 минути. Во BMW велат дека за 100 километри автономија, батеријата е доволно да се полни 10 минути.

Треба да се спомене и дека волуменот на багажниот простор е 510 литри или 1560 литри со соборени задни седишта.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1n-OEjB0g3kMGlE9aA7SfwTwonorInmZ4″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Од порано беше потврдено дека овој модел ќе се произведува во Шенјанг, Кина, а од таму ќе се извезува за пазарите низ целиот свет. Првите купувачи својот автомобил ќе го добијат во втората половина на оваа година, а во Германија неговата цена е 68.040 евра.