Volkswagen ID.4 ќе биде достапен во две варијанти
Глобалниот модел ќе биде помал од оној на Кина
Двете опции – глобалниот и оној за најголемиот пазар на автомобили на планетата, ќе се разликуваат по големина. Димензиите на стандардниот Volkswagen ID.4 (прикажан во белa боја) се должина од 4.592 mm, ширина 1.852 mm и висина од 1.629 mm. Растојанието помеѓу двете оски е 2.765 mm.
Кинеската верзија, која ќе се произведува заедничкото вложување SAIC-VW, е подолга и повисока за 22 и 11 mm (4.612 и 1.640 mm соодветно). Меѓуоскиното растојание на двата електрични автомобили е исто.
Кросоверот за кинескиот пазар ќе се разликува и визуелно. Изгледа поагресивно поради редизајнираната решетка и изменетиот преден браник. Предната оптика е различна, исто како и на задната страна, каде и ознаката е на друго место
Технички, двата кросовер модели се исти. Тие се напојуваат со електричен мотор со моќност од 200 КС, но капацитетот на батерискиот систем варира. Врвната верзија ќе може да патува околу 500 км, со максимална брзина од 160 km/h.
Производството на глобалниот Volkswagen ID.4 ќе се одвива во фабриката на марката во Цвикау (Германија) и во американскиот град Чатанога, лоциран во југоисточниот дел на Тенеси, САД.