Цената на горивата повторно оди нагоре
Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 08.06.2020 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 40,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 24,886 ден/кг.