Штедел ли Volkswagen на новиот Golf? / ВИДЕО
Иако од производителите се очекуваат унапредувања во секој поглед кога на пазарот лансираат нова генерација на своите модели, тоа не е секогаш случај
Генерално бројните технолошки иновации ги прават новите модели да изгледаат помодерни, побезбедни и поудобни во секојдневното возење во споредба со нивните претходници, но од друга страна, не ретко, има забележителни заштеди на сè и сешто.
Словенечкиот YouTube канал MtlCarGarage објави видео во кое прави директна споредба на моделот во заминување, Golf 7.5 и новиот Golf 8, откривајќи притоа на што се штедел германскиот авто гигант при конструирање и дизајнирање на најновата генерација на еден од најпродаваните автомобили во светот.
Според презентерот, заштедите се бројни, а на снимката се прикажани оние што лесно се забележуваат.
Мора да наведеме дека покрај негативностите, наведени се и добрите страни, односно она што е подобро во новата генерација во споредба со претходната.
Во прилог видето објавено на YouTube.