Продажбата на Серија 4 ќе започне во октомври, а наскоро може да се очекуваат и Gran Coupe и кабриолет верзии

Познатиот баварски производител на премиум автомобили, BMW, го претстави својот најнов спортски модел. Станува збор за новиот BMW 4-Series Coupe, базиран на сегашната верзија на најпродаваниот модел на баварците на сите времиња – Серија 3.

Најкарактеристична, а во исто време и најконтроверзната, карактеристика на новиот модел се големите предни „ноздри“, односно традиционалните BMW „бубрези“, кои овде не се интегрирани во предната маска, туку сами за себе се маска на ладилникот.

Иако овој детал деновиве предизвика бројни коментари стричните автомобилски портали и социјални мрежи, новиот спортски BMW модел изгледа навистина прилично, барем за нас.

Автомобилот е долг 4.773 mm, широк 1.852 mm, висок 1.387 mm, а меѓуоскиното растојание е 2.850 mm. Купето од Серија 4 е 57 милиметри пониско од седан верзијата со која ја дели платформата, има понизок центар на гравитација и 23 милиметри поширока трага на задните тркала.

„Четворката“ во купе верзија има деална дистрибуција на тежина од 50:50, додека тежината на празниот автомобил е помеѓу 1.525 и 1.740 килограми, во зависност од верзијата. Волуменот на багажниот простор е 440 литри.

Што се однесува до погонот, на европскиот пазар првично ќе бидат понудени три бензински модификации на моторот од сегашната Серија 3: 420i (со 184 КС и 300 Nm вртежен момент), 430i (258 КС и 400Nm) и најмоќниот M440i xDrive (со 374 КС и 500Nm) ). Тука се и четирите дизел верзии: 420d и 420d xDrive (190 КС и 400Nm), 430d xDrive (286 КС и 650Nm) и, конечно, најмоќниот M440d xDrive (340 КС и 700Nm).

Во однос на салонот, тука е стандардниот мултимедијалниот инфозабавен систем со дијагонала на екран од 8,8 инчи, а опционално може да се нарача и со 12,3 инчи спарен со 10,25-инчен екран на инструмент таблата.

M Performance има има нешто поголем број детали на надворешноста, а може да се пофали дека се изработени од карбонски влакна – нов преден спојлер, поинакви отвори за воздух, заден спојлер, ретровизори…

Од ист материјал се изработени и црните предни „бубрези“, како и страничната заштита со натпис M Performance, издувните цевки, а задните светла се затемнети.

Во понуда се и M Performance сопирачки, со црвена клешта, црни алуминиумски тркала, како и спортски педали и M Performance спортски управувач со алкантара, карбон влакна и црвен репер на 12 часот.

Под хаубата е поставен 3.0-литарски 6-цилиндерски мотор со 275 kW / 374 КС и 500 Nm, заедно со 48V mild-hybrid технологија (за дополнителни 8 kW / 11 кс). Осум-степениот Steptronic менувач е задолжен за пренесување на моќност на сите четири тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1mlkIaR23eKXQLMfBKVGFlc8gbIRc6hDM” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Понудата, секако, ќе вклучува голем број стандардни и опционални системи за безбедност и помош на возачот.