Како изгледа новата Mercedes S-класа – надвор и внатре / ФОТО
Деновиве на интернет осамнаа шпионски фотографии од новата патничка лимузина на Mercedes се појавија на Интернет
Животниот век на сегашната Ѕ-класа полека се ближи кон крајот, за што сведочат и фотографиите од скоро целосно демаскираните предипродукциски единици на неговиот наследник, кои се објавени на Instagram.
Надворешниот дизајн на новата генерација, која ја носи фабричката ознака W223, претставува еволуција на изгледот на сегашниот модел со неизбежни промени во согласност со новиот дизајнерски јазик на Mercedes.
Ова е особено забележливо на задниот дел од автомобилот, кој е украсен со значително различно стоп-светло, но и на предната страна каде што се редизајнирани фаровите и во помала мерка решетката на ладилникот.
Очекувано, промените се подрастични во внатрешноста.
Практично, сè е ново, а Mercedes решил да ја дигитализира контролната табла што е можно повеќе, така што екраните веќе не се дискретно вметнати во кокпитот, туку испакнати како два големи таблети.
Овој ентериер германскиот производител го најави минатата година со концептот Vision EQS, кога за прв пат го видовме новиот дизајн на отворите за вентилација, кој сега се применува и во идната S-класа.
Сепак, некои елементи на ентериерот оставаат впечаток на недовршени, како што е „дупката“ која се наоѓа помеѓу таблата со инструменти и шофершајбната, но треба да се напомене дека возилото од фотографиите е сè уште во фаза на пред-производство.