Kia откри детали за иновативната технологија Blind-Spot View Monitor во новиот Sorento

Oвој систем има примена како втор пар на очи за возачот, прикажувајќи видео од слепите точки во рамките на дигиталниот екран на инструмент таблата.

Новиот Sorento е првиот автомобил на Kia во Европа кој се нуди со оваа напредна технологија за помош при возење, а системот е достапен заедно со новата Supervision инструмент табла со дисплеј со висока резолуција од 1920×720 пиксели и дијагонала од 12,3 инчи. Мултифункционалниот дисплеј прикажува упатства и за навигацијата, информации за аудиото и детални информации за патувањето, како и предупредувања и известувања поврзани со различните активни технологии за безбедност.

Blind-Spot View Monitor прикажува видео со висока резолуција од левата или десната страна на дисплејот ако возачот сака да ја промени лентата. Видеото од слепите точки накратко го зазема местото на приказ на брзиномерот или на тахометарот. Сликата доаѓа од дискретните камери со широк агол, со висока резолуција, кои се скриени во куќиштата на ретровизорите на вратите. Истите обезбедуваат поширок агол на гледање од самите ретровизори за да им овозможат на возачите јасен преглед на возилото кое доаѓа.

Blind-Spot View Monitor технологијата на Kia на европските купувачи им се нуди во Sorento, како дел од пакетот кој вклучува Surround View Monitor и Parking Collision-Avoidance Assist (PCA), кои овозможуваат помош при возење и при паркирање, како и Bose висококвалитетен аудио систем.