Škoda Eniyaq iV е целосно електричен чешки теренец со автономија од 500 километри

Неизбежното влегување на електрична енергија во сите модели не можеше да ја заобиколи ниту Škoda. Но за чешката компанија тоа и не е некој проблем ако се земе во предвид дека се дел од VW Group, а со тоа на располагање ги имаат сите технолошки решенија за VW.

Токму по овој принцип доаѓа и првиот модел од Škoda базиран на модуларната електрична платформа MEB на групата VW или групацијата V.A.G. Покрај добро познатата практичност и квалитет од Чесите со фер цена, Eniyaq iV на клиентите ќе им понуди избор од три различни пакети на батерии и пет варијанти на моќност.

Целосно електричниот SUV ќе се произведува во фабриката на Škoda во Млада Болеслав, со што ќе стане првото возило на Volkswagen Group на платформата MEB кое ќе се произведува надвор од Германија.

Благодарение на ефикасните батерии, гуми со низок отпор на тркалање и одлична аеродинамичност од 0,27, Škoda Eniyaq iV има автономија на движење со едно полнење до 500 километри според WLTP протоколот.

Моторизација

Основниот модел поседува мотор од 148 КС и батерија со капацитет од 55 kWh. Предвидената автономија е 340 километри. Помоќниот модел генерира 180 КС, а капацитетот на батеријата е 62 kWh со што автономијата стигнува до 390 километри. Врвот во понудата со погон на задните тркала генерира 204 КС, а батеријаѕа од 82 kWh е доволна за автономија од 500 километри.

Во понудата ќе има и варијанта со погон на сите тркала со 265 КС, како и престижен модел со мотор од 306 КС кој до 100 km/h стигнува за 6,2 секунди.