Новата генерација на Peugeot 308 во гамата ќе вклучува и хибрид со 300 КС
Peugeot 308 беше освежен пред точно три години и се чини дека полека го губи чекорот со конкуренцијата
Уште поважно за него, сегментот Ц во Европа во последно време се дополни со нови и многу привлечни модели, како што се новите VW Golf, Škoda Octavia и Škoda Scala, Toyota Corolla, Mazda3, Seat Leon, Ford Focus, а доаѓаат и новата Hyundai Elantra, како и Hyundai I30.
Преведено, тоа значи дека француската компанија ќе мора што поскоро да ја лансира новата, трета генерација на најпопуларниот компаниски хечбек. Според најновиот извештај, тоа ќе се случи на крајот од следната или почетокот на 2022 година.
Изданието Autocar тврди дека може да се очекуваат големи промени во гамата на Peugeot 308, иако ќе се заснова на ажурираната PSA платформа EMP2, на која е сместена и сегашната генерација. Стандардните верзии на возилото ќе добијат електрифицирани и поефикасни погони, но она што навистина го привлекува вниманието е хибридна варијанта со зголемени перформанси која треба да го задржи чекорот со најавениот VW Golf R Hybrid.
Овој британски медиум наведува дека новиот хибриден 308 ќе биде погон составен од три мотори. Системот ќе користи 1.6-литарски турбо-бензински мотор, поддржан од два електрични мотори, по еден за секоја оска, слично како во 3008 PHEV. Се шпекулира дека Peugeot 308 Hybrid ќе испорачува вкупно повеќе од 300 КС, така што со погон на сите тркала, тој ќе биде апсолутно конкурентен со споменатиот Golf, како и со другите R и GTi изданија во влезниот сегмент Ц.
Новоформираниот оддел Peugeot Sport Engineered (PSE) ќе биде одговорен за развој на перформансите на новата 308-ва, која ќе добие и поцврста суспензија и поголеми и постабилни сопирачки. Сепак, новиот 308 нема да добие GTi верзија, бидејќи бидејќи истата ќе биде достапна само за 208.
Што се однесува до стандардните модели, се очекува Peugeot да ја задржи понудата на своите традиционални бензински и дизел единици. Се шпекулира и за целосно електричен 308, иако за тоа нема никаква потврда.