
Бензините минимално поскапи, дизелот поевтин
Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 27.04.2020 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 50,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 31,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,801 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 16,144 ден/кг.