Безбедноста е вградена во брендот на Volvo, а за ваша потполна заштита, од Volvo Македонија обезбедиле нов начин да ги погледнете

Отсега клеинтите кои се заинтересирани за нов Volvo атвомобил, можат да направат обиколка на салонот, а притоа да бидат комплетно безбедни во услови на пандемија.

Овој начин на приближување на автомобилите до клиентите веќе добро е познат и применет од страна на големи светски брендови. Со пристапување на веб страната на македонскиот застапник за возилата на Volvo, Премиум АГС, клиентите можат да направат избор на повеќе модели од актуелната гама на Volvo. Во виртуелната реланост се вклучени целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC. Покрај тоа што може визуално да го видите секој детал на автомобилот, низ него може да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате. 

До овој салон може да пристапите кога сакате и од каде сакате. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил. 

Се што треба да направите, е да ја посетите веб страната www.volvocars.mk.