Audi објави фотографии и технички детали од втората генерација на лимузината А3

По A3 Sportback на сцена стапува и лимузинската изведба. Во своето второ издание, верно ја следи претходно презентираната продолжена изведба за кинескиот пазар. Европската верзија во новото пакување носи се што е видено на компактната изведба заедно со основата MQB Evo и освежениот дизајн. Нема визуелни новини споредбено со Sportback, а задните светлосни групи се дури и исти. Сепак, лимузината е 150 mm подолга, а подобра е и аеродинамиката (0.25).

Новиот модел во должина „пораснал“ за 40 mm (4.500 mm), но растојанието помеѓу осовините е исто (2.637 mm). Во исто време, моделот е 20 mm поширок (1.820 mm), додека неговата висина сега е 1.430 mm, што е плус 10 mm. Положбата на седење е пониска, а за тоа од Audi велат дека се добиваат дополнителни 20 mm во пределот на главата на возачот и совозачот, како и во ниво на лактите. Багажниот простор е непроменет односно 425 l.

Внатрешноста е комплетно пресликана од Sportback, што значи дигитален кокпит со дијагонала од 10.25 инчи и 10.1-инчен централен екран. Се разбира, опремата е од прва класа.

Моторната гама во понудата засега е скромна. Се состои од еден бензинец, 35 TFSI и еден TDI. Првиот е 1.5 TSI со 150 КС и стандардно рачен менувач, додека опционално може и со 7-степен автоматик S Tronic. Дизел опцијата ги има истите 150 КС овозможени од 2.0-литарски TDI мотор во комбинација исклучиво со S tronic менувач. Подоцна треба да пристигне и послаба верзија со 116 КС.

[useyourdrive dir=”13mKE5Lb3aC82kn7rg_6xkP-bnztBbbzI” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на новиот Audi А3 Sedan во Германија започнува на крајот од месецот, по цена од 29.800 евра за 35 TFSI. Набрзо по стартот на продажбата ќе пристигне и послаб 3-цилиндерски бензинец, 30 TFSI, по цена од 27.700 евра. Многу поинтересни ќе бидат хибридите (204 и 245 КС), но и S3 со 310 и RS3 со околу 400 КС.