Се прашувавте како е снимано фантастичното забрзување на Bugatti Chiron до 400 km/h? Еве како / ВИДЕО
Дали е користен уште еден Chiron?
За оние што не знаат, станува збор за видео снимката од подвигот во кој Хуан Пабло Монтоја со Bugatti Chiron забрзува до 400 km/h и потоа застанува, а целиот маневар познат како 0-400-0 km/h завршува за само 42 секунди. Сега, откако помина доволно време, авторите откриваат како е напавено ова фасцинантно видео, кое има над 100 милиони прегледи на социјалните мрежи.
За почеток, мора да се каже дека за снимање под агол навистина бил користен друг Chiron, кој имал прикачена камера на задниот дел, онаква каква што се користи кај беспилотните летала.
Снимката била толку мирна и мазна што требало да се додадат вибрации подоцна во текот на монтажата. И, ако се прашувате зошто Chiron не е постојано во фокусот, има објаснување и за тоа – тоа се издувните гасови кои влијаеле на квалитетот на снимката.
Во прилог оригиналното видео.