Германскиот производител на автомобили го најави крајот на електрифицираниот спортски автомобил

Уште таму некаде во септември минатата година, BMW срамежливо го најави крајот на серија i8, но точен датум немаше. Сега и тоа е познато – последниот примерок од производтвените ленти ќе биде симнат во април. 

Сега за сега, од BMW сеуште нема информации за потенцијалниот наследник на овој автомобил, но дефинитивно нема да биде plug-in хибрид, туку чистокрвен EV. Овој електричен модел ќе се заснова на концептуалниот M Vision Next кој светлото на денот го виде минатата година.

BMW i8 беше лансран пред шест години, а во декември 2019 година беше изработен јубилејниот 20.000-ти примерок.

Купе-верзијата на моделот се продаваше за 147.500 долари додека i8 Roadster за 163.300 долари.

Производството на BMW i8 започна во 2014 година, истата година кога за прв пат се појави во јавноста, а таа верзија располагаше со 357 КС и максимален вртежен момент од 570 Nm, додека освежената верзијата од 2018-та верзија имаше батерија од 11,6 kWh и моќ од 369 КС.