Како што пренесуваат светските медиуми, организаторите на MotoGP шампионатот решиле да ја откажат Гран при трката за ГН на Катар во кралската класа поради коронавирусот. Интересно, трките во Мото2 и Мото3 треба да се одржат според планот

Причините за оваа одлука се зголемените безбедносни мерки при пристигнувањето на патниците во Доха, како и фактот што возачите од категоријата Мото2 и Мото3 се веќе во главниот град на Катар. 

Поради појавата на епидемијата на корона вирус во Италија, сите оние кои од оваа земја ќе патуваат во Доха, исто како и од Малезија, Тајланд и Јапонија, ќе треба да бидат прегледани по пристигнувањето во Катар. Доколку се открие дека некој има треска, патникот ќе биде ставен во карантин, што е мерка која се презема и за сите оние што пристигнуваат од Јужна Кореја, Кина и Иран. Затоа е донесена одлука за откажување, бидејќи вкупно шест возачи во кралската класа се од Италија, а од таа земја сигурно ќе долетаат уште многу фанови, како и бројни претставници на тимот.