Еве уште една креација од типот „не го правите ова дома“ која своевремено стана вирална. Имено, еден Австралиец го провозел, како што вели, „првиот подводен автомобил во светот“. По ова следела средба со судија, по неколку точки

Мајкл Александар Филип го води YouTube каналот RackaRackа, заедно со неговиот идентичен брат близнак, Дени. Во јануари 2019 година, Мајкл и неговиот тим направиле „поплавен автомобил“ како начин, како што велат тие, да се борат со топлотниот бран кој ја погодил Аделаида.

Тимот модифицирал Ford Laser и ги поставил контролите надвор од кабината, така што ентериерот едноставно можел да се наполни со вода до покривот. Мајкл и Џексон О’Доерти, влегле во возилото и го провозиле покрај блиската бензинска пумпа, каде купиле неколку пива и ги испиле во автомобилот полн со вода. Потоа заминале.

Сепак за разлика од луѓето ширум светот кои аплаудирале и ја поздравувале креативноста и хуморот на австралискиот тим, полицијата не била особено импресионирана. Речиси една година подоцна, Мајкл конечно е уапсен. Го уапсиле и Дени затоа што сакал да го „замени“ неговиот брат, но обвиненијата против него подоцна се отфрлени.

Мајкл ја немал таа среќа, па се појавил пред судија за прекршоци на 15 јануари. Тој е обвинет за несовесно и опасно возење, возење на нелиценцирано возило и возење без сигурносен појас, но не и за консумирање алкохол.

Надвор од судот, Мајкл вели дека се надева оти нема да биде осуден, иако целото негово семејство се појавило да го испрати во затвор. Секако, неговите фанови го поздравиле, а тие воопшто не се малку, бидејќи тој е меѓу главните инфлуенсери во Австралија во 2019 година.

Настрана правните проблеми, измените направени во овој Ford се навистина одлични. Автомобилот тежел над 4 тони со вода, но некако успеал да се движи и покрај товарот. Во меѓувреме, Мајкл и Џексон носеле опрема за нуркање додека им отпоздравуваат на пешаците.

Погледнете го видеото во прилог.