Ова се најдобрите 20 автомобили на деценијата според угледниот Top Gear
Британското списание ги избра 20-те најдобри автомобили кои се појавиле во оваа декада
Можеби на листата има автомобили со кои некои од вас не би се сложиле, но секако има возила кои дефинитивно го заслужуваат своето место. Тука се секако Tesla Model S, Alfа Giuliа QV, McLaren P1, Porsche 918, Ferrari LaFerrari, Honda Civic Type R, BMW 1M серија…
Она што навистина чуди е присуството на ден Volkswagen Up! Уште пошокантно е да се види еден Ariel Nomad меѓу најдобрите 20 автомобили во оваа деценија, кој реално, тешко и да може да се смета за конвенционален модел. Сепак, шлаг на тортата е Porsche Taycan.
Во овој случај не станува збор за тоа дека овој автомобил е лош, туку затоа што Top Gear си дозволи скандал со Taycan кога практично ги лажираше податоците од тест за забрзување. Очигледно, некој во ова списание многу го сака Porsche.
Еве го изборот на Top Gear за највлијателните 20 автомобили во изминатата деценија: