Совети што можат да бидат корисни и за искусни возачи, особено за оние кои го немаат потребното искуство

Ако за време на празниците тргнувате на подолг пат, големи се шансите поголемиот дел од патот да го направите во услови на темнина.. Многумина признаваат дека имаат страв од ноќно возење…

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат ноѓе да возите безбедно

  1. Наместете го седиштето во автомобилот така што потпирачот за грб да е што е можно поисправен за да спречите дремливост.
  2. Наместете ја вентилацијата во салонот за да обезбедите доволно свеж воздух кој пак ќе ве остави будни и концентрирани.
  3. Наместете го внатрешниот ретровизорот во положба за возење во темница, така што фаровите на другите возила од зад вас нема да ве заслепат.
  4. Избегнувајте да гледате директно во светлата на возилата што доаѓаат на патот.
  5. Избегнувајте мирна, тивка музика – подобро е да слушате динамична музика или комбинирана радио програма, која ќе ве задржи поконцентрирани.
  6. Ако се чувствувате уморни и поспани, застанете на првото соодветно место и одморете се. Во секој случај, се препорачува да одморите на секои два часа.