Многумина, кога купуваат автомобил, многу ретко размислуваат за нешто друго освен за неговата цена, што тоа подоцна може да им предизвика големи главоболки бидејќи некои навидум „ефтини“ модели се прилично скапи за одржување

Ова се девет модели кои се на врвот кога станува збор за парите што треба да се издвојат за нивно одржување и евентуални поправки.

9. Volkswagen Passat

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 11.700 американски долари

И покрај тоа што не станува збор за спортски автомобил или скап и луксузен седан, Volkswagen Passat е меѓу најскапите возила за одржување и поправка во текот на 10-годишен период, според податоците собрани од 120.000 сервисирани возила до кои дошла интернет страната YourMechanic.

8. Subaru Forester

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 12.450 долари

Subaru Forester е многу популарен компактен теренец, но тоа не значи дека е ефтин за одржување и поправка.

7. Mercedes C63 AMG S

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 12.800 долари

Спортската верзија на компактниот седан на компанијата е скапа за купување, но и за одржување во текот на една декада.

6. Audi А4

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 12.950 долари

Audi A4 е одличен баланс кога станува збор за перформансите и луксузот, но може да биде прилично скап за одржување.

5. Porsche 718 Boxster

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 13.700 долари

Boxster е малку поевтина алтернатива на 911. Иако не е толку скап за одржување како моделот 911, сепак може да ги натера сопствениците да размислат да го продадат.

4. Audi A4 Allroad

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 13.700 долари

Ова е најлуксузниот одговор на Audi на моделот Subaru Outback. Во основа е А4 во караванска изведба со погон на сите тркала и заштита на подвозјето.

3. BMW М4

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 14.900 долари

Тој е алтернатива на седанот М3 и затоа има идентични перформанси, но и цена.

2. BMW 640i Gran Coupe

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 15.700 долари

Додека овој модел е отсликување на висок стил и возбудливи перформанси, во суштина е и најскапото BMW за одржување.

1. Porsche 911

Трошоци за одржување и поправки во период од 10 години: 19.600 долари

Не треба да биде големо изненадување што овој спортски модел е на врвот на листата кога станува збор за одржување и сервис.

Прецизниот германски инженеринг и перформанси кои го подигнуваат адреналинот доаѓаат и со своја цена.