Со навстина мистериозно видео, јапонскиот Nissan најави концепт кој ќе дебитира на авто саемот во Детроит

Видео клипот не дава апсолутно никаков траг во однос на новиот автомобил, а јапонскиот производител го најавува како возило кое „ја отелотворува иднината на интелигентната мобилност на Nissan”, заедно со пораката: „Иднината е тука“.

Инсајдери од Детроит шпекулираат дека Nissan и неговиот премиум под-бренд Infiniti ќе претстават нова генерација на електрични возила, што веќе е најавено преку концептот Infiniti QX Inspiration.

Овој концепт, наводно, ќе ја претстави новата електрична архитектура на јапонската марка на која ќе се произведуваат нови модели, а што се однесува до Nissan, во декември ги доби правата за имињата IMS и IMQ во Европа кои укажуваат веројатно на доаѓање на нови EV автомобили.

Како и да е, премиерата на мистериозниот автомобил на Nissan ќе се случи на 14-ти јануари.