Од полноќ поевтиунва и Еуросупер 98!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 16.03.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2023 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,779 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,214% или за 10,000 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,569% или за 12,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 1,616% или за 12,400 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,745% или за 12,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,0496 ден/$ и е за околу 0,006% понизок од курсот на доларот (58,0530 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.