2022 BMW i4 M50: првиот целосно електричен М модел на Баварците / MEГА ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО
Серискиот i4 ја доби првата М-верзија на струја во историјата на брендот
Германскиот премиум производител BMW официјално го претстави целосно електричното купе i4 со 4 врати, кое во продажба велгува во ноември.
Според BMW, i4 е суштински електричен пандан на идната Серија 4 Gran Coupe во конвенционално издание. Германците ја примениле тактиката на мала разлика помежу термичките и батериски модели. Така, i4 ќе се разликува од идната „четворка“ Gran Coupe пред се во отсуството на решетка, различен преден браник и рачки на вратите.
Компанијата посочува дека BMW i4 е Gran Coupe, коe ги комбинира просторната удобност и практичност на овој автомобилски концепт со типичниот спортски дух на марката и голема автономија. За тоа голема помош доаѓа од новата генерација на системот за управување BMW iDrive и најновите иновации во областа на автоматизирано возење.
Кога ќе се појави на пазарот, електричниот автомобил ќе биде достапен во две варијанти, од кои едната е првиот М-модел на брендот со нула штетни емисии. Верзијата BMW i4 M50 е опремена со два електромотори – по еден на секоја оска за погон на сите тркала, обезбедувајќи моќност на системот од 544 КС и автономија до 510 километри со едно полнење по WLTP циклусот.
Втората опција е BMW i4 eDrive40, кој има еден електромотор и го задржува класичниот погон на задните тркала. Моќноста во овој случај е 340 КС, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 5,7 секунди. Автономијата со едно полнење е поголема од онаа на i4 M50 – до 590 километри по WLTP.
И во двата случаи, батеријата има капацитет од 81,5 kW/h, која се состои од 4 модули со по 72 ќелии и 3 модули со 12 елементи. Батеријата поддржува и систем за брзо полнење со моќност до 200 kW (i4 eDrive 40 на супербрз полнач со 10-минутно полнење може да обезбеди домет од 164 км).
Основните стандардни функции вклучуваат специјални амортизери, задна воздушна суспензија, електромеханички серво управувач, систем за динамична контрола на стабилноста и ограничувач на пролизгување, со чија помош се потенцираат придобивките од погонот на задните тркала.
Внатрешноста на i4 eDrive40 е мешавина од традиционално BMW со мотор со внатрешно согорување на кој се додадени одлики карактеристични за електричните автомобили. Во салонот има огромни 12,3-инчен екран кој преставува интрумент табла и 14,9-инчен за управување со мултимедијата, кои се комбинираат во еден. Тие работат со новиот оперативен систем iDrive 8, кој овозможува надградби на воздухот.
Стандардната опрема на моделот вклучува 3-зонска автоматска клима, која може да се прилагодува преку дисплејот за мултимедијата или со говорни команди, исто како и греењето и вентилацијата на седиштата.
Производствениот BMW i4 ќе се произведува флексибилно во фабриката на групацијата BMW во Минхен на иста линија на која се склопуваат и моделите со plug-in хибриден погон и мотор со внатрешно согорување. Како за производство на автомобилите, така и за производство на ќелиите на батериите, се користи 100% еколошка електрична енергија.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
BMW i Family
[useyourdrive dir=”1yH8qaiLEK1q9D_Fvwwa4HgRXMwtffBka” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW i4 eDrive40
[useyourdrive dir=”18VS0eyAhjigQ_Sn6PfYgLVdNQRIMwqkw” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW i4 M50
[useyourdrive dir=”1aoFmrETkVPStqHDnLj6M8LC1RyXraO9S” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Design-Sketches
[useyourdrive dir=”1ArqVmBWFSCjMbbPDQ-YRDCJOaoNvLvJ2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Highlights, power-graph, recuperation-graph, charging-graph
[useyourdrive dir=”1-PSvjuoBMiOnTznBhSHuQfqa_tlUy5Df” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Highly integrated power-unit
[useyourdrive dir=”1mKYh233h4Out6TSLGPvKkH0MIVNJvaXT” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Production of eDrive components
[useyourdrive dir=”1shy14lt50xv614J43kwGZRerf0-DBeBM” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
TechnicalArt Drivetrain and Suspension
[useyourdrive dir=”1KIlsjStaDnmLyVpTvycSIOAnIOwfgD-J” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW веќе започна да прима нарачки за овој автомобил, а првите единици треба да стигнат до сопствениците во ноември оваа година.
Која е цената? Во Европа ќе треба да се издвојат 59.700 евра за i4 eDrive 40, додека помоќниот M50 ќе чини дури 71.650 евра!