2021 Nissan GT-R50 By Italdesign: моќен Јапонец во италијански костум / ФОТО+ВИДЕО
Два месеци по неодржаната „физичка“ премиера, Nissan сподели фотографии и технички детали за својот нов модел, создаден во соработка со познатата дизајнерска куќа Italdesign
Производот од оваа соработка е овој феноменален Nissan GT-R50 by Italdesign супер спортски автомобил, чија концептна верзија за прв пат беше прикажана во 2018 година.
Причината за сето ова лежи во два броја 50 односно одбележувањето на две годишнини: 50-тиот роденден на култниот Nissan модел и 50-годишнината од постоењето на компанијата Italdesign.
Nissan GT-R50 by Italdesign се заснова на GT-R Nismo за 2020 година. Следствено моќта доаѓа од рачно изработен 3.8-литарски twin-turbo V6 мотор специјално подесен од Nismo за испорака на 720 КС и 780 Nm (575 lb-ft) вртежен момент.
Nissan GT-R50 by Italdesign ќе биде произведен во серија од само 50 единици и чини 990,000 € (1,08 милиони американски долари) – пет пати повеќе од обичниот GT-R Nismo на кој се базира. Првите единици до купувачите ќе
Бидат доставени на крајот од 2020, односно почетокот на 2021 година.