Баварскиот производител премиерно го претстави новиот модел 128ti

Ова е првиот hot hatch на BMW кој ќе користи само погон на предните тркала. Во гамата на брендот ќе биде позициониран пониско во однос на врвот од понудата во сегментот – M135i xDrive. Новиот модел ја оживува и ознаката „ti“ на BMW, што инаку значи turismo internazionale. Пред овој автомобил, оваа ознака ја носеа поранешните примероци од Серија 3 од 90-тите – 323-та и 325-та, обете во изданието Compact.

BMW 128ti се придвижува со 2-литарски турбо бензинец со четири цилиндри во линија. Моторот генерира 261 КС и 400 Nm, што е доволно за прилично убедлива изведба. Во комбинација со 8-степен автоматски менувач кој испраќа моќ до предните тркала, овој погонски систем е во состојба да го забрза 128ti до 100 km/h за само 5,1 секунда.

BMW наведува дека 128ti е во состојба да обезбеди големо задоволство на возачот и дека може да се пофали со одлична динамика на возењето. За суспензијата и системот за сопирање се погрижил одделот М, а се истакнува дека 128ti е 80 kg полесен од M135i xDrive.

Освен визуелните промени во екстериерот, што се во согласност со „жешките“ амбиции на овој автомобил, како што се атрактивната црна решетка и капаците на ретровизорите во иста боја, промени има и во кабината. Во скоро црно опкружување, можеме да се види по некој црвен додаток, но и убав црвен штеп на седиштата, на воланот, на делот што е над таблата. Овој црвен штеп е присутен и на вратата, што му дава попривлечна нота на ентериерот. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1GkDhWpKiED5d4jcI_OvXSYA0a4tD3f0k” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

BMW 128ti во продажба влегува следниот месец, а почетната цена за овој модел ќе биде 41.574 евра во Германија.