20 години BMW MotoGP Safety Car / ВИДЕО
Германскиот автомобилски гигант BMW го има произведено секое MotoGP безбедносно возило (safety car) од 1999 година до денес, а со влезот во во 2019 година одбележува и убав јубилеј – 20 години во MotoGP серијата
Автомобилите кои BMW најмногу ги има користено за оваа цел се оние од M дивизијата, но, секако, најголемо внимание има привлечено Z8 Roadster во сезоната 2002.
Интересно возило кое е користено е исто така Z4 M Coupe во 2007 година, а неколку години подоцна, во 2011 година, се појави и 1M Coupe.
Последните неколку години по патеките од MotoGP шампионатот кружеа М4 (2015) и М2 (2016), за потоа BMW да одлучи да ја користи својата најмоќна машина – М5.
Видеото подготвено од компанијата со седиште во Минхен е токму во чест на нивните 20 години во MotoGP шампионатот.