Верстапен веќе овој викенд можеше да ја завери титулата светски шампион во Formula 1, но не извозе добра трка, а со тоа ја пропушти и првата „меч топка“

Тоа не беше случај и со неговиот тимски колега Серхио Перес, кој беше најбрз на патеката во Сингапур и дојде до негова втора сезонска победа, а четврта во кариерата.

Трката доцнеше еден час поради силниот дожд пред почетокот, а се возеше во променливи услови. Перес поведе од самиот старт, и речиси и да немаше сомнеж за победникот, освен во еден момент, кога Леклер се доближи, но не доби можност за напад. Мексиманецот ја заврши трката двоецот на Ferrari, Шарл Леклер и Карлос Саинц Јуниор.

Макс Верстапен ја испушти првата „меч топка“ за титулата. На крајот заврши седми, а имаше шанса и за многу подобар пласман. Сепак, во еден момент во борбата за четвртото место со Ландо Норис, направи грешка при кочењето и излезе надвор од патеката. Успеа да се врати во трката, но веќе сите можности, барем за подиум, беа загубени.

Инаку, во Сингапур требаше да се извозат 61. круг, но тоа не се случи поради ограничувањето на максималното времетраење на трката од два часа, па трката заврши со два круга помалку. 

Трката ја одбележаа и двете излегувања на безбедносното возило и три виртуелни периоди. Безбедносното возило беше на патеката прво во осмиот круг, кога Латифи го истурка Џоу, а вториот пат во 36-от круг, кога Цунода удри во заштитниот ѕид.

Виртуелниот период беше истакнат кога Алонсо мораше да се откаже поради проблеми со погонската единица, со што неславно заврши неговиот рекорден 350.старт, а и кога Албон удри во ѕидот, а потоа и Окон.

Одличен ден за двоецот на McLaren, Ландо Норис и Даниел Рикиардо, кои завршија пред Ленс Строл во Aston Martin, кој го имаше најдобриот резултат сезонава. Верстапен заврши седми, пред двајцата поранешни шампиони Себастијан Фетел и Луис Хамилтон, а последниот бод му припадна на Пјер Гасли во болидот на AlphaTauri.

Следната трка за ГН на Јапонија се вози веќе следниот викенд. На пет трки пред крајот на шампионатот, Верстапен има 104 бода повеќе од Леклер во Ferrari.

2022 Singapore Grand Prix / Резултати

2022 Singapore Grand Prix / Судски одлуки

По долгиот состанок, судиите на трката конечно донесоа одлука за две спорни ситуации со Серхио Перез во периодите на возилото за безбедност. Крајниот резултат е предупредување, казна од пет секунди и два казнени поени на неговата лиценца.

Првата ситуација беше во 10. круг. Перез остави повеќе од десет должини на болидот во однос на безбедносното возило, што е спротивно на член 55.10 од спортските регулативи на FIA. Оправдувањето на Перез за оваа ситуација беше дека условите на патеката биле тешки, врнежливи услови и тешко беше да се следи безбедносното возило со ниска температура во гумите и сопирачките. Судиите делумно го земаа тоа во предвид, бидејќи условите не беа толку тешки како што ги карактеризираше Серхио, но со оглед на другите фактори, судиите оценија дека е соодветно да изречат опомена.

Втората ситуација се случи во 36. круг. Суви услови, безбедносното возило целосно видливо со вклучени сигнални светла. Перез очигледно повторно го прекршил членот 55.10, по што доби опомена од тимот. Со оглед на претходната претпазливост, која беше проследена со прекршување на истото правило во многу поповолни услови, судиите оценија дека овој втор прекршок вреди казна од пет секунди додадени на времето на Перез, како и два казнени поени на супер лиценцата. .

На крајот Перез ја задржа победата, Леклер остана втор, а Саинц трет. Судиите додадоа дека сите натпреварувачи можат да се жалат на оваа одлука.

2022 Singapore Grand Prix / Highlights

2022 Singapore Grand Prix / Изјави по трката

Серхио Перез

„Ова е мојот најдобар настап. Ја контролирав трката, но беше тешко дури и кога ги одработивме круговите за загревање. Последните неколку круга беа многу напорни. Дадов се од себе за да победам денес“.

„Немам поим што се случи и тие само ми рекоа да ја подигнам разликата“, изјави Перез, запрашан за грешката во однос на возилото за безбедност.

Чарлс Леклер

Стиснаснав, но на крајот стартот на трката скапо не чинеше. После тоа, беше тешко да се спроведе планот. Тркалата само се пролизгаа и ја изгубив динамиката. Трката беше физички многу тешка. Вечерва убаво ќе спијам, а потоа ќе почнат подготовките за Јапонија“, изјави Леклер, кој не беше претерано расположен за изјави.

Карлос Саинз Јуниор

„Тоа беше многу тешка трка. Едноставно не можев да го најдам вистинскиот ритам и немав шанси да бидам во чекор со водечките двајца. На крајот, добро е што во овие услови успеав да го доведам болидот до целта и да постигнам уште еден подиум. Кон крајот стекнав одредена самодоверба и забрзав. Ова е секако солиден резултат за тимот во шампионатот на конструктори“, изјави Саинц.