Станува збор за возачки лудории надвор од патот изведени со неговиот Ram 1500 TRX

На различни видеа споделени на Интернет, јутуберот Street Speed ​​717 „скока“ со својот 1500 TRX преку поток, а во посебно видео, снимен е како вози низ тој поток. Тој вели дека овие видеа биле снимени на приватен имот, но очигледно, тоа не ја спречило Комисијата за риби и чамци во Пенсилванија (PFBC) да се вклучи во целата работа, пренесува The Drive.

Јутјуберот открива дека откако неговите видеа биле објавени на интернет, тој бил обвинет по две основи за нарушување законот за водни патишта и сливови, по шест основи за нарушување на законот за загадување на водите, шест основи за нарушување на законот за расфрлање на отпадоци и четири основи за нарушување на законот за злоупотреба на имот и води. Тој не е задоволен од обвиненијата и на едно од видеата подолу, го изразува своето незадоволство.

Инаку видеото со скок преку потокот со неговиот TRX „добил над 1,6 милиони прегледи“.

Погледнете ги видеата во прилог.