![Нов тренд или…? Ќе почнат ли да паѓаат цените на половните возила?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/04/1516264919621887d7bc284707858581_1280x720x1000.jpg)
Нов тренд или…? Ќе почнат ли да паѓаат цените на половните возила?!
Сè поскапува, па дури и цените на половните автомобили. Но дали конечно може да се види крајот на дивеењето на цените?
Индексот на цените на AutoScout24 укажува на почеток на нов тренд. Во однос на февруари, цените на половните автомобили и во март останале стабилни. Но, годишната споредба покажува поинаква слика: во однос на март лани, цените на половните автомобили пораснале во просек за 3.245 евра, што одговара на раст на цените од 14,4 отсто.
Зголемувањето на цената на горивата во март предизвикало и зголемување на побарувачката за електрични автомобили. Во однос на претходниот месец, побарувачката се зголемила за 48 отсто. Затоа тие во март поскапеле во однос на февруари – користен електричен автомобил во просек чинел 40.655 евра, што е за 4,6 отсто или 1.782 евра повеќе од месец февруари.
Додека просечната цена на комбињата и минибусите се искачила на 21.935 евра (+ 1,8%), во луксузната класа растот во просек е на 60.348 евра (+ 1,5%) по возило, а кај теренците просечната цена се зголемила благо на 32.727 евра (+ 0,5%). Просечната цена во сегментот на мали автомобили стагнирала на 14.927 евра, а во високата средна класа на 29.456 евра. Мало намалување на цената во однос на февруари има кај компактната класа која моментално е достапна за просечни 19.510 евра. Кај средната класа цените исто така благо паднале на 24.804 евра.
Побарувачката за половни автомобили паднала за повеќе од 11 проценти во сите сегменти на возила, што секако е една од причините за стагнацијата на цените.