Најинтересното се наоѓа под хаубата, каде што се наоѓа S58 3.0-литарски твин-турбо мотор со 6-цилиндри и 495 КС

Новиот B4 Gran Coupe на Alpina е првиот производ на познатата тјунинг куќа откако се појави веста дека BMW конечно ја презема целосната контрола над компанијата со седиште во Бухло.

Иако и BMW и Alpina нудат „М“ и „В“ верзии со високи перформанси за Серија 3 и за Серија 4 Coupe со две врати, ниту една компанија претходно не понуди тјунинг на Gran Coupe од Серија 4. BMW не планира да го промени тој став, но Alpina токму тука јасно ја виде можноста.

B4 е базиран на регуларната Серија 4 Gran Coupe на BMW, но добил преден спојлер, заден спојлер и сет од 20-инчни лиени алуминиумски бандажи со 20 краци од Alpine.

Сепак, најинтересно е под хаубата, каде што се наоѓа S58 3.0-литарски твин-турбо во линија со 6-цилиндри со 495 КС и 730 Nm вртежен момент, кој ги движи двете оски преку осум-брзински ZF автоматски менувач и xDrive погонски систем на сите четири тркала.

Тоа е зголемување од 33 КС и 30 Nm вртежен момент во однос на постоечката лимузина В3, а исто така го прави помоќен и од седанот М3 со 480 КС и 550 Nm вртежен момент. И додека M3 Competition води во бројките за моќност со своите 510 КС, неговиот вртежен момент од 650 Nm е далеку зад B4.

Од 0 до 100 km/h, на Alpina B4 и се потребни 3,7 секунди во споредба со 3,5 секунди за седанот M3, но додека M3 е ограничен на 250 km/h во стандардна форма, Alpina може слободно да забрзува до 301 km/h.

Познато е дека Alpina традиционално повеќе е фокусирана на луксузот отколку на перформансите, па затоа во кабината добивате Лавалина кожа на седиштата и воланот и секако табличка на конзолата која го покажува редниот број на примерокот.

Придржувајќи се до истата луксузна тема, Alpina тврди дека работела напорно за да ја калибрира поставката на суспензијата, која вклучува прилагодливи амортизери и прилагодени гуми Pirelli P Zero. 

Европската книга за нарачки е отворена, а клиентите кои сега ќе платат 91.800 евра во Германија, својот автомобил треба да го добијат ова лето.