Ажурирањето на софтверот го намалило опсегот и брзината на полнење на батеријата!

Благодарение на големите државни субвенции, Норвешка беше една од првите земји во кои производителите на електрични автомобили добија значителни удели на пазарот. Првиот успех во скандинавската земја сега создава проблеми и на пионерот за електрични автомобили Tesla. Според норвешкиот медиум Nettavisen, повеќе од 30 клиенти на Model S и X од 2013 до 2015 година со батерии од 85 kW добиле 13.300 евра компензација од Tesla за помал капацитет на батеријата и помала моќност на полнење по задолжителната надградба на софтверот.

Погодените клиенти на Tesla во Норвешка се пожалилe на Комитетот за посредување кон крајот на минатата година за влошување на капацитетот на батеријата и брзината на полнење. Американскиот производител не ги коментираше обвинувањата и затоа беше осуден на крајот на април да плати еквивалент од 13.300 евра по возило. Тестовите покажале дека ажурирањето на софтверот довело до подолго време на полнење и намалување на капацитетот на батеријата. Ажурирањето на софтверот било оправдано со заштита на батериите и обид за зголемување на нивната долговечност.

Нешто слично во Норвешка се случи во 2016 година кога 132 клиенти на Model S добија компензација во износ од неколку илјади евра поради неточни податоци за перформансите.