100 години историја на Mazda во една минута / ВИДЕО
Јапонскиот производител го одбележува својот 100-ти роденден со интересно видео и фото галерија
Приказната за Mazda започнува пред еден век, кога компанијата за производство на плута „Toyo Cork Kogyo Co.“ започнаla да прави машини.
Една деценија подоцна, во 1933 година, Mazda го изградила првото моторно возило – трицикл. Ова возило се здобило со голема популарност во Јапонија, па затоа постојано се надградувало во наредните години.
За време на Втората светска војна, Mazda се свртела кон производство на оружје, но го продолжи производството на комерцијални возила набргу по крајот на воените конфликти.
Компанијата, сепак, имала амбиции да произведува патнички автомобили. Оваа идеја е реализирана во 1960 година со лансирањето на првиот производ на четири тркала – R360.
R360 ја поставил основата за понатамошен развој и производство на патнички возила. Следи семејството на возила од серијата „800“, а во 1967 година и познатата Mazda 110S / Cosmo Sport, како прв производствен модел со ротационен мотор.
Овој вид мотор е преземен со лиценца од германската компанија NSU неколку години порано.
Ротационите мотори станале заштитен знак на Mazda во следните децении.
Во текот на следните 50 години, компанијата има продадено скоро 2 милиони автомобили со ваков вид погон во светот.
Помеѓу најзначајните модели на Mazda се вбројуваат спортскиот RX-7, лансиран во 1978 година, родстерот MX-5 лансиран во 1989 година и првата Mazda6 во 2002 година.
Повеќе фотографии и информации за историјата на јапонскиот бренд можете да најдете на следниот линк.