Поминаа неколку години од последното продолжение на франшизата Fast and Furious, познат како Fast 8 (2017)

Тоа беше првиот филм во франшизата по смртта на Пол Вокер, полн со автомобилска акција, достоен за претходните изданија. Сепак, имаше и многу забелешки дека се повеќе се бега од реалноста од претходните филмови, така што критиките беа мешани. Дали новото издание ќе биде подобро?

Дом сега е татко, и иако вели дека веќе не може да го живее претходниот живот со постојано забрзување, (повторното) забрзување се чини дефинитивно нема да може да избегне.

Премиерата на Fast 9 е закажана за 22 мај.