Во далечната 2001 година, Audi го претстави моделот А8 со W12 погонски агрегат. Денес, се чини дека животниот век на овој мотор ќе заврши со истиот модел со кој и започна

Имено, шефот на одделот за технички развој во Audi, Питер Мертенс во интервју за време на одржувањето на авто салонот во Женева откри информација дека новиот A8, ќе биде последниот модел кој ќе добие W12 погонска единица. Мертенс вели дека „се уште има клиенти кои сакаат агрегат со 12 цилиндри, кои се задоволни со него и кои што тоа што го сакаат и ќе го добијат. Сепак, ова ќе биде последен пат W12 да се најде во еден од нашите автомобили“.

Bentley ќе продолжи да го продава овој мотор, иако во Audi одлучиле дека веќе не вреди да се вложува труд во него. Сеуште нема информации за тоа колку A8-ци со W12 се продадени, но со оглед на одлуката, претпоставката е дека тој број е навистина мал.

Преставници од брендот од Инголштад не откри многу детали ниту за новиот модел А8 со W12 за 2019 година, но се претпоставува дека автомобилот ќе се развива 585 коњски сили. Ова е нешто помалку од излезна моќност произведена од овој агрегат во Bentley Continental GT (626 „коњи“ и 900 Nm вртежен момент).

Во секој случај, тоа е повеќе отколку што произведува моделот А8 55 TFSI, кој има V6 мотор со турбополнач и кој произведува 335 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Оваа комбинација на моделот A8 L му овозможува од 0 до 100 km/h да забрзува за 5,7 секунди и да постигне максимална брзина од 250 km/h.

Со оглед на тоа дека е најавено дека W12 ќе отпадне од понудата на Audi, можно е да станува збор само за еден од неколкуте агрегати кои ќе доживеат слична судбина. Мертенс вели дека пренасочувањето на фокусот врз електрификацијата би можело да ја групацијата VW да ја намали палетата на мотори што ја нуди.

Еден од погонските агрегати кој може да се укине е атмосферскиот V10 со работен волумен од 5.2-литри во моделот R8, кој нема да доживее нова генерација.