Ѕверот е ослободен – Саудијка „пали“ гуми на тркачка патека / ВИДЕО
Иако Саудиска Арабија официјално на 24-ти јуни оваа година им дозволии на жените да возат, некои од нив веќе сакаат да се испробаат во трките
Таков е случајот со 30-годишната Рана Алмиони, кој експресно доживеала како изгледа возење на спортски автомобил на вистинска патека.
„Сакам брзина. Ја обожувам брзината. Мојот автомобил од соништата има повеќе од 500 КС. Мит е дека Саудијките возат само „слатки“розови автомобили”, вели Алимони.
На почетокот на јуни, светот го обиколи сликата на Асел Ал-Хамад, првата Саудијка сопственик на Ferrari, зад воланот на Renault F1 болид во пресрет на Големата награда на Франција.