Иако веројатно веќе знаете сè за фудбалот и Светското првенство во Катар оваа година, можеби не знаете како всушност изгледаат улиците и патиштата во Катар. И зошто некои се обоени

Иако веројатно веќе знаете сè за фудбалот и Светското првенство во Катар оваа година, можеби не знаете како всушност изгледаат улиците и патиштата во Катар. И зошто некои се обоени.

Иако Доха има нов метро систем, како и широка автобуска мрежа, севкупно Катар сè уште силно го поддржува автомобилскиот сообраќај.

На изградбата на синиот пат во Доха и претходела одлука на градската управа да се бори против екстремните горештини. Се започнало со експериментален проект во 2019 година на делница долга 200 метри, а сега проектот е проширен и на други улици.

Идејата е намалување на температурата на асфалтот и околината. На локални температури до 50 степени, обичниот темен асфалт има температура од 20-25°C повисока од температурата на околината. Едноставно затоа што црната боја привлекува повеќе топлина.

Целта на бојадисувањето на патиштата со „ладни“ бои, како сината, е да се намали нивната температура за 15-20°C. Имено, сината облога со дебелина од еден милиметар содржи посебен пигмент кој ја рефлектира топлината, како и шупливи керамички микро зрнца кои ефикасно го рефлектираат инфрацрвеното зрачење.

Интересен е и „виолетовиот парк“ на „Катара Хилс“ каде растат секакви растенија и дрвја од различни земји, а паркот е замислен како место за средба на културите и цивилизациите.

 Виолетовата боја на патеките ги надополнува не само естетски, туку и функционално. Според мерењата, температурата на површината е обично е 12°C пониска споредено со црн асфалт.