Пред да влезете во автоперална, потребно е да се отстранат сите остатоци од снег и мраз, бидејќи стружењето мраз може да ја оштети бојата на возилото

Има многу мислења за одржување на возилата во зима. Добронамерните препораки варираат од совети за чести посети на перална за автомобили до мислење истото треба да се избегнува за да се зачува бојата. Токму на таа тема е текст објавен од германскиот автомобилски клуб (ADAC).

Колку често автомобилот мора да оди во перална во зима? Во принцип, толку често колку и во летните месеци. Дури и во зима, перете го кога ќе почувствувате дека тоа е добро за вашето возило.

Дали е вистина дека автомобилот во зима е екстремно загаден со остатоци од сол од патиштата? Да и не. Изјавата дека зимската нечистотија има исклучително корозивно дејство на лакот, т.е. дека треба да се отстранува што е можно почесто, се однесува само на претходно оштетени површини од каросеријата, додека неоштетените површини лесно се справуваат со наслагите на нечистотија. Подвозјето, исто така, обично нема проблеми со корозија: со фабрички направени заптивки, подобрена долна заштита и употреба на поцинкуван лим, ова е поголем проблем за постарите возила.

Кога не треба да одите во перална во зима? На екстремни температури под -10 степени. Водата од перална за автомобили, која обично е на температура од 10 до 30 Целзиусови степени ќе предизвика термички шок кога ќе удри во делови од возилото кои биле изложени на студ. Долгорочно, површините со оштетена боја претрпуваат дополнителен топлотен удар.

Пред да влезете во автоперална, потребно е да се отстранат сите остатоци од снег и мраз. Бидејќи стругањето мраз може да ја оштети бојата на возилото!

Кои програми за перење се препорачуваат во зима? Во принцип, ефтиното е добро и доволно – главна работа е прво добро да се измие возилото за да се отстрани нечистотијата и да се спречи оштетување на бојата кога возилото минува низ четките. Од перспектива на возилото не се потребни дополнителни и скапи програми со топол восок или заштита на подвозјето. Но секако, секој може сам да одлучи со што сака да се почести себеси и своето возило. Многу поважно е вашиот автомобил одвреме-навреме да го проверува стручно лице. Пред и по зимската сезона, за да се открие оштетување на заштитата на долниот дел и навремено да се поправи – ‘рѓата тогаш нема шанси.