Зошто дизелите имаат поголем вртежен момент од бензинците? (ВИДЕО)
Кога ќе се споредат бензинските и дизел моделите од ист тип на автомобил, дизел моторите обично имаат значително поголем вртежен момент. Зошто е тоа така?
Приложеното видео ги објаснува концептните разлики помеѓу дизел и бензинските мотори, што резултира со значително поголем вртежен момент за „нафташите“.
Од степенот на компресија, брзината на согорување, соодносот на дијаметарот на цилиндрите и одот на клипот, користењето на турбо технологијата и густината на дизелите, сето тоа јасно придонесува за поголем вртежен момент на сеуште во Европа најпопуларниот погонски ситем.