Живеат од нафта, а купуваат електрични автомобили
За прв пат во историјата во една земја, се продадени повеќе електрични автомобили отколку дизели и бензинци заедно
Продажбата на електрични автомобили во Норвешка оваа година е 58,4%, што оваа скандинавска земја само ја зацврстува како лидер во користењето на еколошки возила.
Само во март оваа година во Норвешка се регистрирани 18.375 нови автомобили, од кои 10.732 се на електричен погон. Оваа бројка е двојно поголема споредено со март минатата година. Она што пажа во очи е забележителен пад кај регистрираните хибридни возила.
Најпродаван автомобил е Tesla Model 3 со 5.315 регистрирани единици.
Целта на Норвешка, која е една од најголемите светски извозници на нафта, е да ја запре продажбата на конвенционални автомобили до 2025 година.
Владата на Норвешка ги охрабрува своите граѓани да купуваат EV возила преку разни субвенции, како што се ослободување од ДДВ и даноци на издувни гасови, пониски царински давачки, патарини, паркинг, траект …