Зграда сместена на сред кружен тек: Како изгледа необичното секојдневие на жителите?!
Повеќето кружни текови имаат неколку дрвја и грмушки, низа сообраќајни знаци или можеби дури и парче уметност како споменици на пример, но на овој има цел блок со станови
Станува збор за зграда во градот Пениваун, Велс, а се наоѓа во средината на кружниот тек во тој град, кој ја поврзува авенијата Лоренс на запад со Арфрин на север и населбата Ваунлвид на југ. Зградата во кружниот тек е необична глетка, а околу неа има патеки кои водат низ четирите делови на кружниот тек. Во блокот има девет стана, од кои два имаат влез на ниво на улицата.
Жена, по име Челзи, која живее во еден од становите во зградата на средината од овој кружен тек признала дека ова е многу чудно место за живот со нејзината ќерка и раскажала што е најлошото според неа. Челзи во оваа куќа живее веќе две години.
„Малку е чудно. Јас живеам тука две години и само се навикнуваш на тоа“. Челзи има млада ќерка и вели дека тоа и го отежнува животот, бидејќи мора постојано „да се грижи за брзиот сообраќај“.
„Автомобилите се спуштаат по ридот со голема брзина, како и училишните автобуси. Има околу 10 во близина“. Челзи вели дека не би сакала да и дозволи на нејзината ќерка да игра надвор во близина на патот и дека едвај чека да се пресели на друго место кога ќе го роди своето второ дете.
Сепак, има и такви кои велат дека никогаш нема да си заминат.
„Животот на средината на кружниот тек понекогаш станува бурен“, вели 64-годишниот Клајд Хауатсон, кој живее таму поголемиот дел од својот живот. „Но, јас сум навикнат да живеам овде, и барем нема многу соседи“.