На екипата која стои зад youtube каналот Garage54 не им фали имагинација, а и знаење

Во новата епизода, легендарната Lada е повторно главен јунак, поточно две од нив. Овој пат луѓето од Garage54 сакаале т.н. Wide body издание на каросеријата, но наместо да ги прошират бандажите на тркалата, тие се одлучија за поекстремна процедура – тие споиле две Лади.

И тоа воопшто не е лесна задача. И додека спојката на каросериите бара засилување, уште покомплексно е да се изведе суспензијата и секако управувањето. Во исто време, секоја Lada го сочувала погонскиот мотор, а по дополнителна шминка на автомобилот, поточно автомобилите, се нашле на полигон.

Судејќи според видеото, тимот одлично се забавувал. Барем додека не сакале да го преоптоварат своето возило.